Албанската погранична полиција на меѓународниот аеродромот „Ринаси” кај Тирана одзела 80.000 евра, 76.000 леки и 2.900 јени од патник кој претходно не ги пријавил парите.
Станува збор за кинескиот државјанин Ј.Л.(43), со дозвола за прстој во Албанја и кој првремено живел во Тирана.
Според полицијата ова е 14 случај откриен годнава од граничната полиција на аеродромот на одземени непријавени пари.
Најголема сума е одземена во средната на март кога полицијата блокираше непријавени 250.000 евра на 49-годишен израелски државјанин, кој полетал од Москва за Албанија. На албанскиот државјанин А.Д. (33) од Тирана кој требало да патува за Кина со авионот кој сообраќал на релација Тирана – Истанбул – Шангај во септември му беа одземени 84.000 долари и 3.500 евра.