Осумдесет и пет луѓе се приведени во Париз во петтиот по ред викенд од протестите на „жолтите елеци”.
Неколку илјади луѓе повторно излегоа на улиците да протестираат во Париз.
Полицијата соопшти дека 46 од приведените се со мерка „задржување под стража”. Меѓу полицијата и демонстрантите имаше неколку судири. Полицијата употреби солзавец за да растера демонстранти во центарот на градот.
Околу 8.000 полицајци и 14 оклопни возила се распоредени во Париз заради протестите.