Децениските криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, придонесоа за систематско уништување на зеленилото и животна средина, а игнорирањето на алармантните последици од негрижата за животната средина, доведоа до екстремно загадување кое што ѓраѓаните се уште го чувствуваат, соопшти СДСМ.
,,После децениска негрижа и неодговорност, работите се менуваат, проблемот се решава со системски мерки и сериозен пристап од институциите. Продолжува акцијата за зазеленување на Град Скопје. Досега се засадени над 8.000 дрвја. Во текот на вчерашниот ден засадени се 160 стотици високвалитетни садници во општина Кисела Вода. Претходно акција за засадување се спроведе и во општините Ѓорче Петров, Сарај, Бутел, Аеродром и Карпош.
Засилениот инспекциски надзор и контрола на големите индустриски загадувачи, континуираното расчистување на дивите депонии, субвенционирањето на печки на пелети за загревање на домовите на граѓаните, засилениот процес на гасификација од наредната година се само дел од мерките што се преземени или се во најава со цел да се стави крај на деценискиот проблем со загадувањето на воздухот.
Се решава и проблемот со загадувањето од сообраќајот. Од следната година пристигнуваат нови 40 еколошки градски автобуси во Скопје, а автобуси со еколошко гориво се предвидени и за други градови во Македонија, како Прилеп и Битола. Истовремено ќе се субвенционираат трошоците за набаква на електрични и хибридни автомобили и трошоците за вградување на погон на ТНГ на автомобилите, се наведува во соопштението.
Според партијата, со сериозен меѓуинституционален пристап се решава долгогодишниот проблем со аерозагадувањето. Владата и сите надлежни институции остануваат посветени на обезбедување чист воздух и здрава животна средина за сите.
Со преземање на сите овие мерки и вклучување на нови, Владата предводена од СДСМ продолжува со активностите во справување со долгогодишниот проблем со загадувањето со цел почист воздух и поздрава животна средина за сите граѓани на Република Македонија.