Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за иселување, кога токму нивното криминално владеење беше симбол за масовно иселување на граѓаните.За 11 години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ над половина милион граѓани буквално беа протерани од Македонија не можејќи да го издржат криминалниот режим на Никола Груевски и неговите соработници, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, погубните политики, ниските плати, разрушената економија и селективната правда беа одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и главни причини поради кои граѓаните се иселуваа.
,,Наспроти таквата црна слика што зад себе ја остави ВМРО-ДПМНЕ, денес Владата предводена од СДСМ е посветена на спроведување на мерките што обезбедуваат подобар живот за сите.
Растот на минималната и просечната плата, намалувањето на невработеноста, растот на БДП и рекордниот износ на странски инвестиции, се само дел од економските показатели кои ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.Гаранцијата за млади, зголемените средства за ученички и студентски стандард, зголемениот опфат на мерката за неповратни 10.000 евра за поддршка на младите земјоделци, зголемената поддршка за нови бизниси и самовработување се само дел од мерките што Владата ги презема во интерес на младите и нивно задржување во државата.
Времето на црнила поради погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ заврши со заминувањето на оваа партија во опозиција.Македонија чекори напред кон развој, интеграција и подобра живејачка за сите”, се додава во реакцијата.