Скара предизвика пожар во кафеана во Драчево

Скара предизвика пожар во кафеана во Драчево. Како што информира полицијата, вчера во 9,10 часот С.А.(21) од Скопје пријавил дека избувнал пожар неколку минути откако ја распалил скарата во угостителски објект лоциран на улица ,,Бранко Зревски” во Скопје, сопственост на неговиот татко.

Во пожарот опожарен е оџакот и дел од кровната конструкција од објектот. Пожарот е локализиран и изгаснат од страна на Противпожарна екипа Драчево во 9,30 часот, повредени лица нема.

Треба да знаете
Последни објави