Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан дека шири дезинформации.
– Многу јасно му ставив до знаење на Европскиот совет дека некои од овде присутните премиери се извор на лажни вести. Кога, на пример, господинот Орбан вели дека јас сум одговорен, виновен за Брегзит, тоа се лажни вести. Кога вели дека мигрантите се одговорни за Брегзит, тоа пак се лажни вести, изјави Јункер по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.
На самитот во Брисел лидерите на ЕУ разговараа и за проблемот со лажните вести.
– Да не ја насочуваме целата одговорност кон други, да погледнеме наоколу и да видиме кој шири лажни вести, истакна Јункер.