Напаѓачот на „Интер“, Иван Перишиќ може да го напушти клубот следното лето. Според „Тутоспорт” „нероазурит“е се подготвени да го продадат 29-годишниот Хрват за 50 милиони евра.
Најмногу заинтересиран за Перишиќ е „Манчестер Јунајтед“. За потпишувањето со напаѓачот лично е заинтересиран тренерот на „Црвените Ѓаволи”, Жозе Мурињо.
Другите кандидати за неговиот потпис се „Баерн“ и „Атлетико“.
Во тековната сезона Перишиќ одигра 20 натпревари за „Интер“, постигна два гола и оствари две асистенции.