Американската компанија „SplashData“ ја објави традиционалната годишна листа – „Топ 100 најлоши лозинки“ што ги користат луѓето на нивните интернет профили.
Неприкосновен „шампион“ е познатата шифра 123456, додека второто место исто така припаѓа на една „инвентивна“ шифра, а тоа е англискот збор за лозинка односно „password“. Овие две шифри веќе пет години ги држат највисоките позиции, а како што стојат работите, тешко дека нешто ќе ги тргне од престолот.
Сепак, може да се заклучи дека корисниците стануваат пооригинални кога ги смислуваат своите лозинки, па оваа година на листата има три високо рангирани новитети: „princess“ (принцеза) која се наоѓа на 11. место, 666666 (14. место) и donald (23. место).
За изработка на оваа листа, од „SplashData“ ги проверувале податоците на повеќе од пет милиони хакирани профили на корисници од Северна Америка и Западна Европа.
Податоците до кои дошле покажуваат дека 10 отсто од хакираните профили користеле една првите 25 лозинки од оваа листа и дека дури 3 отсто од корисниците ја користеле победничката шифра – 123456.
Во продолжение, оваа е листата на 25 најлоши лозинки во 2018 година:
1. 123456
2. password
3. 123456789
4. 12345678
5. 12345
6. 111111
7. 1234567
8. sunshine (сонце)
9. qwerty
10. iloveyou
11. princess (принцеза)
12. admin
13. welcome (добредојде)
14. 666666
15. abc123
16. football (фудбал)
17. 123123
18. monkey (мајмун)
19. 654321
20. !@#$%^&*
21. charlie (чарли)
22. aa123456
23. donald
24. password1
25. qwerty123