Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов изјави дека чашата е прелиена и ако Македонија не се откже од фалсификуваната историја нема да гласа за нејзин влез во ЕУ и НАТО .
Според него, заедничката комисија која треба да ги реши контроверзните историски прашања нема напредок, а кај македонските претставници постои огромна дрскост. Додава дека Бугарија нема да прави компромиси за својата историја и ја критикува македонската страна, која правела пропаганда дека бугарските војници убивале, дека биле окупатори и вршела насилна мобилизација на македонското население.
-Јас реагирав правилно. Мојата чаша е прелиена. Не се согласувам Бугарија да прави компромиси за својата историја. Ако не запре фалсификувањето, ќе гласам против членството на Македонија во НАТО. Народната поговорка вели: Ти го крстиш, а тоа пр.и, порача Каракачанов.
Тој и минатата недела се закани со влезот на Македонија во Еу и во НАТО откако го предупреди Зоран Заев да не го злоупотребува прашањето за македонскиот јазик, што беше осудено од министерството за надворешни работи, а премиерот порача дека е Македонец и оти зборува македонски јазик.