Во пожари кои избувнаа во неколку руски градови настрадаа шест деца и четири возрасни лица. Три деца загинале во пожар во куќа во селото Баркортосан, регион јужно од Урал, пренесува агенцијата РИА Новости.
Според Интерфакс уште две деца настрадале во пожар кој исто така избил во куќа во селото Красни Кут, во јужниот регион Саратов. Министерството за вонредни ситуации во Татарстан, во средишниот дел на Русија, соопшти дека едно дете и двајца возрасни починале и во пожар во куќа во Казањ.
РИА Новости јави дека денеска и две возрасни лица и три деца се повредени во пожар во Пересвет.