Брисел нуди отстапки за Приштина за да ја укине таксата кон Србија

Косовските медиуми објавија попладнево дека премиерот Рамуш Харадинај добил писмо од високи претставници на Европската унија, во кое ветуваат дека кон Косово ќе се направат отстапки доколку ја повлече одлуката за 100 отсто такси на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во писмото потпишано од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, еврокомесарката за трговија Сесилија Малстром и еврокомесарот за добрососедство и проширување Јоханес Хан, се вели дека, меѓу другото, во иднина во ЦЕФТА наместо називот „УНМИК” ќе се користи „Косово”.

За возврат, според приштинските медиуми, тие бараат Косово, „во знак на добра волја”, утре кога во Брисел ќе се одржи средбата на Советот на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, привремено да ја суспендира одлуката за такса на увозот од Србија и БиХ.

Порталот „Коха.нет” тврди дека високите претставници на ЕУ ќе ги земат предвид и другите проблеми кои го загрижуваат Харадинај во врска со пречките „во коректното спроведување на аранжманите на ЦЕФТА” од страна на Србија и БиХ.

– Запознаени сме исто така со списокот на случаи на трговска пракса од страна на Србија и БиХ кои, според видувањето на Косово, претставуваат бариери во коректното спроведување на аранжманите на ЦЕФТА и создаваат значителни проблеми на терен за економското дејствување и за граѓаните, се наведува во писмото од Брисел до Харадинај.

Треба да знаете
Последни објави