ЛДП нема да гласа за законот за амнестија. Како што беше кажано на седмото изборно собрание на Либералдемократите, овој владин коалиционен партнер нема да гласа за предлог-законот за амнестија со кои треба да бидат опфатени околу 50-на обвинети за упадот во Собранието на 27 април минатата година.
Според претседателот на партијата, Горан Милевски подобра варијантата е најпрво да има пресуда за случајот, а дури потоа да се размислува за амнестија.
Тој смета дека законодавната и извршната власт треба да останат во свои рамки и да не влијаат на судството.