Дваесет и пет годишнината од воспоставување на дипломатските односи меѓу Македонија и Холандија беше одбележана вечерва во Скопје, а присутните на себе носеа по нешто портокалово, што беше посочено на поканата од холандската Амбасада.
Шефот на дипломатијата, Никола Димитров и холандскиот амбасадор, Ваутер Пломп одржаа говори пред присутните, во кои досегашните односите ги оценија како мошне добри.
Македонија и Холандија дипломатски односи воспоставија на денешен ден во 1993 година со размена на вербални ноти меѓу двете министерства за надворешни работи.
Односите меѓу двете земји се карактеризираат со стабилен политички дијалог на владино ниво и без присуство на отворени прашања.
Холандија е еден од најголемите билатерални донатори од земјите-членки на ЕУ, традиционален партнер и принципиелен поддржувач на македонските заложби за членство во ЕУ и НАТО. Холандија е е прв инвеститор во Македонија и важен трговски партнер на земјата.