Ова е изворот на среќата: Поучна приказна која ќе ви го промени животот
Во едно мало село, во далечна земја, живеел некој стар, мудар човек.
Старецот имал 90 години, а изгледал задоволен и среќен.
Тогаш, некој му рекол: „Проживеа убави години, долг век“.
Старецот одговорил: „Живееш само еден ден. Само денес“.
Со тоа мудриот човек сакал да каже дека за вистински живот мора да се живее денес. Животот е краток и брзо поминува. Ако не живееш денес, го изгуби денот. Не ја затемнувај својата душа со страв и грижа за утре. Не се оптеретувај со вчерашанта беда. Живеј денес!
Мисли спокојно на доброто од вчера, сонувај за убави работи кои ќе се случат утре, но немој да се губиш во „вчера“ или во „утре“. Живеј денес.