Горската служба за спасување во Бихаќ по целодневна потрага вечерва ги пронајде и последните четворица мигранти на планината Пљешевица. Двајца од нив се пронајдени во тешка состојба, со смрзнатини опасни по живот, додека на другите двајца животот не им е загрозен. Тие се сместени во објект во близина на местото каде се пронајдени.
Во текот на денов спасувачките екипи успеаја да пронајдат 20 мигранти кои залутале во шумите на Пљешевица, кои се згрижени. Повредените ќе бидат пренесени во Бихаќ, а помош е побарана и од механизација за да се пробие патот до спасувачките екипи.