Пред џамијата во Цазин денеска беше оддадена последната почит на двегодишното и седумгодишно момче, како и на нивната петгодишна сестра, кои во четвртокот ги закла сопствениот татко, Адмир Совиќ, по што се обеси, пишува „Дневни аваз“.
Неколку илјади луѓе од цела Босна и Херцеговина дојдоа во Цазин на погребот на трите деца на кои присуствуваше и нивната мајка Лејла, поради која Адмир го изврши ова монструоно злосторство.
Молк и тишина владееле додека не се појави автомобилот што ги превезуваше ковчезите на децата, а потоа низ гробиштата одекнуваа плачот и лелекањето на семејството и блиските роднини, а најгласната меѓу нив била мајката, која плачела и ги довикувала по име.
Лекарите интервенираа неколку пати, бидејќи на мајката и на дедото на загинатите им се слошуваше.
Адмир во четвртокот вечерта ги убил на спиење децата а потоа се обесил. Тој оставил писмо, наменето за сопругата во која и рекол да не се грижи за децата бидејќи не заминале на другиот свет гладни и дека се со него. Тој и порачал дека и го зл најмилото и дека никој повече и никогаш неа да ја вика „мамо“. Убиецот се решил на ваков чекор бидејќи сопругата се вработила, а тој ја избрјал од дома бидејќи не сакала да го послуша и да даде отказ.