Во Будимпешта денеска протестираа илјадници граѓани против новиот закон за работа и, како што наведуваат, „авторитативната Влада на националистичкиот лидер Виктор Орбан”.
Денешните протести под името „Среќен Божик на господинот премиер” се четврти по ред во последната недела, што ги организираат левичарските опозициски партии, група студенти и граѓани кои се против Владата на Виктор Орбан.
Партијата на Орбан, Фидес, реагирајќи на протестите во земјата, вчера соопшти дека „се поочигледно е дека учесниците на протестот се криминалци организирани од мрежата на Џорџ Сорос”.
Со новиот закон за работа на работодавачите им е дозволено да бараат до 400 прекувремени часа работа годишно, поради што критичарите го нарекоа „закон за робови”.