Косовскиот претседател, Хашим Тачи изјави на седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации дека во Косово сѐ е нормално и дека минатата седмица се случило само она што е нормално, пренесе „Б92“.
Како што истакна Тачи, одлуката на Приштина за формирање на војска е правна и праведна. Тој наведе дека Косово згрешило што чекало пет години за формирањето на војската.
„Одлуката е задоцнета, но не е погрешна“, рече Тачи.