Илузионист предизвика воодушевѕвање на социјалните мрежи
Оптичките илузии се едни од омилените работи со кои социјалните мрежи се забавуваат, а сега на интернет се појави видео, кое според многумина, е едно од најинтересните досега.
Наизглед едноставно видео прикажува момче кое си додава топка самиот на себе и тоа преку огледало.
Видеото го сними Кевин Пери и тоа со светлосна брзина се прошири низ социјалните мрежи каде го видоа милиони луѓе, меѓу кои, секако, многумина развија свои теории како е се тоа изведено.
Некои тврдат дека воопшто нема огледало, некои дека станува збор за манипулација со камера, но сите се согласуваат дека ефектот е многу импресивен.