Четворицата лидери на каталонските сепаратисти, кои се наоѓаат во затвор каде почнаа штрајк со глад, испратија писма на адресите на повеќе од 40 европски лидери, протестирајќи поради она што го опишуваат како малтретирање од страна на шпанските судови.
„Патиме поради судски процес со кој грубо се кршат нашите основни права, вклучувајќи го правото на пресумцијата на невиност“, напишаа каталонските лидери во писмото, чиишто примероци ги испратија кај повеќе од 40 европски шефови на држави и влади, пренесе „Ројтерс“.
Четворицата потписници почнаа штрајк со глад претходно месецов, во знак на протест поради третманот на шпанското судство кон нив. Вкупно девет каталонски лидери се наоѓаат во затвор чекајќи за почне судењето поради улогата во несупешниот обид регионот да се отцепи од Шпанија.