Хороскопот ни кажува многу, но дали ѕвездите можат да предвидат колку долго ќе живееме? Според статистичките податоци, луѓето што се родени во знакот на Рак живеат најдолго, по што следат Овен и Девица.
Се верува дека многу Ракови ќе доживеат длабока старост бидејќи сакаат да водат здрав живот, а за тоа ги мотивира мислата да живеат подолго за на тој начин бидат што подолго до своите најблиски, а особено децата и да се грижат за нив, бидејќи Раковите се многу семејни и грижливи типови на луѓе.
Девиците се долговечни благодарение на уредниот начин на живот и големата грижа за сопственото здравје. Соодветната исхрана и вежбањето се нивниот стил на живот па не можат да замислат да живеат поинаку. Исто така, Девиците се прилично смирени луѓе, а помалку стрес значи подолг живот.
Тајната на Овните, пак, е таа што од сите знаци во хороскопот имаат најголема страст за животот.
Дека Ракот, Девицата и Овенот навистина живеат најдолго потврдено е од страна на официјалната листа на најдолговечните луѓе на светот, која се бележи од 1955 година, а ја составува организацијата Gerontology Research Group.
Од 59 лица на листата, најмногу луѓе има родени во знакот на Рак (8) Девица (7) и Овен (7), од кои најстара е Девицата, Канаѓанката Мери Луис Милер со 117 години и 230 дена, а најмлада е Росалија Спото од Италија со 109 години и 179 дена, исто така Девица.