Манчестер Јунајтед синоќа забележа уште еден пораз, овој пат од најголемиот ривал Ливерпул на гостувањето на „Енфилд“.
Ливерпул успеа да го скрши отпорот на Јунајтед во последните 20 минути и да оствари победа од 3:1, а после натпреварот, Немања Матиќ изјави дека тешко им е на сите, посебно на играчите.
„Тешко им е на сите кои што го сакаат Манчестер Јунајтед. На играчите им е најтешко. Мораме да играме подобро“, изјави Матиќ и додаде:
„Многу ни е тешко. Очекуваме повеќе. Мислам дека во првото полувреме создадовме неколку шанси, а после вториот гол ни беше тешко да создадеме простор за шанси. Тие после голот имаа повеќе самодоверба, а знаевме дека имаме шанси за гол. Второто полувреме за нас не беше добро“, изјави Матиќ.