Нинџа со сопствени доказ, 115 аудио снимки и 20 фотографии
Во обвинителството за организиран криминал обвинетиот Алексадар Василевски Нинџа доставил 115 аудио снимки, 20 фотографии како докази за собраниските инциденти. Во судница ги предложи за дополнителни докази и рече дека се во обвинителството.
Обвителката Ивана Трајчевска не е запознаена, а судот го чека обвинителството да ги достави доказите, за да одлучи дали ќе се изведуваат доказите. Василевски Нинџа побара ако се пуштаат снимките во кривичен, јавноста да не ги слушне.
„Ние немаме сознанија конкретно за какви снимки станува збор, односно станува збор за службена тајна, тие се предадени во обвинителството и сметаме дека обвинителството треба да ги предаде до судот, со оглед на тоа дека обвинетиот кажа дека станува збор за сериозни индиции коишто го поткрепуваат неговиот исказ даден тука пред судот. Кога судот ќе одлучи да бидат презентирани, тогаш јавноста ќе биде запознаена“, изјави адвокатката Елеонора Јанковиќ, бранител на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа.
Судењето за ланските собраниски инциденти од 27 април продолжува за три дена, се одложи бидејќи требаше да се презенатираат доказите на обвинетиот Митко Чавков, а сè уште не се декласифицирани. Судот очекува информација и дали ќе се декласифицираат документите од Агенцијата за разузнавање, за да се презентираат предложените докази на Мунир Пепиќ.
Се чини дека доколку бидат прифатени доказите на Александар Василевски Нинџа и доколку се изведуваат доказите и за кои Кацарска кажа дека се во обемен број предложени од страна на обвинетиот Митко Чавков, се чини дека судскиот процес „27 април“ нема да заврши оваа година, туку наредната, бидејќи сепак, станува збор за голем број на докази, а прво треба да се презентираат сите докази од страна на обвинителството и одбраната, за да се дојде до завршните зборови од страна на одбраната и од обвинителството за организиран криминал, па подоцна да се закаже пресуда.
За крвавиот упад, за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста обвинети се 33, од кои двајца за помагање. На Сашо Марковски му се суди во отсуство.