Општина Аеродром за претстојната зима располага со 50 тони сол и две сопствени возила за зимско одржување улици.
Службите на Општина Аеродром се подготвени за брзо и ефикасно справување со првиот снег, а дополнително за расчистување на тротоарите, автобуските постојки, како и приодите на градинките и училиштата ќе бидат ангажирани и сезонските работници.
Службите ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на теренот.