Силна експлозија пред грчката телевизија „Скај“

Доцна синоќа пред грчката приватна телевизија „Скај“ се случи силна експлозија на бомба која предизвика голема материјална штета, но за среќа нема повредени, соопштија властите.

Полицијата соопшти дека експлозијата се случила во 2 часот и 35 минути пред телевизијата во северниот дел на Атина откако претходно пристигнало телефонско предупредувања поради кои властите ја евакуирале зградата.Засега никој не презеде одговорност за оваа експлозија. Оружените екстремно левоориентирани и анархистички организации во изминатите години ги напаѓаа просториите на медиумските куќи во Грција.

Треба да знаете
Последни објави