Талибанците ќе се сретнат со американски претставници во ОАЕ

Талибанците соопштија дека денес ќе одржат уште еден состанок со американски официјални претставници, овојпат во Обединетите Арапски Емирати, пренесува „Франс прес“.

На состанокот, во последен обид да се испреговара крај на војната во Авганистан, ќе учествуваат и претставници на Саудииска Арабија, Пакистан и на Емиратите, вели портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид.

Калил Минави, директор на авганистанската државна новинска агенција „Бахтар“ исто така го потврди состанокот. Тој на Твитер изјави дека официјалните претставници од САД, Авганистан, Пакистан и на ОАЕ одржале состаноци во неделата пред  средбата на претставниците на САД и Талибанците спонзорирана од Пакистан.

На состанокот не се очекува да присуствуваат авганистанските официјални лица, но нивното присуство во Обединетите Арапски Емирати се смета за значаен чекор во напорите да се натераат на разговар двете страни.

Треба да знаете
Последни објави