Денеска во седиштето на УЕФА во Нион без извлечени паровите за осминафиналето на Лигата на шампионите, односно веќе знаеме кој со кого ќе се соочи во првата нокаут рунда во елитното натпреварување.
Во оваа фаза ќе имаме ќе имаме три супер пресметки кои дефинитивно се издвојуваат, тоа е битката меѓу Атлетико Мадрид и Јувентус, Ливерпул ќе се соочи со германскиот шампион Баерн Минхен, додека пак Жозе Мурињо и Манчестер Јунајтед ќе излезат на мегдан со „светците“ од Париз.
Овие средби ќе се играа во периодот од 12/13 февруари до 12/13 март, односно најдобрите ќе се пласираат во четвртфиналната рунда и ќе бидат чекор поблиску до Мадрид.
Парови за осминафиналето во ЛШ:
Шалке-Манчестер Сити
Атлетико Мадрид-Јувентус
Манчестер Јунајтед-ПСЖ
Тотенхем-Борусија Дортмунд
Лион-Барселона
Рома-Порто
Ајакс-Реал Мадрид
Ливерпул-Баерн Минхен