Водечкиот стрелец на „Манчестер Јунајтед“ во Премиер лигата оваа сезона, Антони Марсијал ќе остане уште една година во клубот. Ова се случи откако раководството на „црвените ѓаволи” еднострано го продолжи договорот до 2020 година.
Французинот беше обврзан со англискиот гигант до крајот на оваа сезона, но имаше опција за еднострано продолжување на договорот од страна на клубот. Беше активиран без дури да мора да се преговара со играчот и агентот.
Во меѓувреме, претставниците на Марсијал ќе имаат средба со раководството на „Јунајтед“, но за долгорочно продолжување на неговиот договор. Французинот сигурно ќе добие предлог за повисока плата и долгорочен договор.
Од почетокот на сезоната, Французинот има 19 натпревари и 8 гола во нив. Во целата мината сезона имашепостигнато вкупно 11 гола.