Ќе му се суди на криумчарот кој предизвикаа сообраќајка во која загинаа двајца мигранти

Гевгеличанецот П.П.(39) е обвинет за криумчарење мигранти, а истрагата за сообраќајната несреќа која ја предизвика и во која загинаа двајца мигранти кои ги превезувал уште трае.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 Скопје, поднесе обвинение против П.П. за криумчарење мигранти од чл.418-б ст.3 в.в со ст.2, како и обвинителен предлог за лице од Скопје за помагање при извршување на истото кривично дело.

 

Според обвинителството, скопјанецот на 22.6.2018 година, со намера да му помогне на првообвинетиот му го продал своето комби „Ивеко“, со кое П.П. три дена подоцна во близина на село Костурино, Струмичко, прифатил група од 23 илегални мигранти од кои 18 биле од Бангладеш и пет лица од Шри Ланка.

Со намера да ги превезе до кумановско-липковскиот регион, ги сместил мигрантите во товарниот дел од возилото, и иако не поседувал возачка дозвол, се упатил во правец кон Штип. Движејќи се на магистралниот пат А-4 во правец од Радовиш кон Штип, заради неприлагоденост на условите и конфигурацијата на патот, изгубил контрола над возилото и со голема брзина удрил во метална заштитна ограда. Од ударот металната ограда се скршила и го пробила возилото, навлегувајќи и во товарниот простор каде биле сместени мигрантите. Во несреќата две лица починале, шестмина биле тешко, а 15 лица лесно повреди. Гевгееличанецот по несреќата избегал, но подоцна бил уапсен.

Обвинителот, имајќи предвид дека околностите што постоеја во моментот на определување на мерката притвор се уште постојат, до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и барање за продолжување на мерката притвор за обвинетите.​

Треба да знаете
Последни објави