Германскиот синџир на маркети Лидл за два месеци по влегувањето во Србија го стресе малопродажниот пазар преземајќи од конкуренцијата три до четири отсто од уделот во малопродажбата, но повеќе ги загрозени малите продавници отколку „големите играчи, пишуваат белградските медиуми.
Според поранешните проценки на државната Комисија за заштита на конкуренцијата, се предвидуваше Лидл многу брзо да освои 5 до 7 отсто од пазарот во Србија, а со тоа да ги намали уделите на водечките синџири, белгискиот Delhaize, кој во 2016 година од приходите во синџирот продавници на Maxi имал 21 отсто од вкупните приходи од пазарот, како и на Mercator, составена од IDEA и мегамаркетите Roda со вкупно 16 отсто.
Независни експерти и економисти тврдеа кога Лидл дојде во Србија дека водечката германска малопродажна компанија по една или две години во Србија да преземе 10 до 15 проценти од пазарот, процент кој Лидл во повеќето други земји го постигнал по 10 години работење.
Сепак, со вкупно 19 продавници во 14 градови Лидл за сега не може во голема мерка да ги помати сметките на големите играчи на пазарот.
Претседателот на Националната асоцијација на потрошувачите на Србија, Горан Паповиќ вели дека добра работа за потрошувачите во Србија е и тоа што со доаѓањето на Лидл цените паднале во просек за 20 отсто.