Попладнево во Нион освен ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите беа извлечени паровите за шестнаесетфиналето во Лигата на Европа.
Нашите репрезентативеци со своите екипи ќе имаат сериозни предизвици, па така Стефан Ристовски со својот Спортинг Лисабон ќе излезе на мегдан со Виљареал, Елиф Елмас и Фенербахче ќе се соочат со Зенит, додека најдобро се чини мина Аријан Адеми кој со Динамо Загреб ќе се соочи со Зенит.
Најинтересниот пар дефинитивно е оној меѓу Лацио и Севиља, додека ривали по мерка добија Интер, Наполи и Челси.
Првите средби се играат на 14 февруари, додека реваншите се една недела подоцна.
Двојки за ЛЕ:
Плзен-Динамо Загреб
Бриж-Салзбург
Рапид Виена-Интер
Славија Прага-Генк
Краснодар-Баер Леверкузен
Цирих-Наполи
Малме-Челси
Шахтјор Доњецк-Ајнтрахт Франкфурт
Селтик-Валенсија
Рен-Бетис
Олипијакос-Динамо Киев
Лацио-Севилја
Фенербахче-Зенит
Спортинг-Вилјареал
Бате Борисов-Арсенал
Галатасарај-Бенфика