На 17.12.2018 година во 12,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Никола Карев“, улицата „Јадранска Магистрала“ и булеварот „8-ми Септември“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Шевролет спарк“ со скопски регистерски таблици, управувано од Л.Г.(60) од Скопје, патничко моторно возило „Сеад алтеа“ со скопски регистерски таблици, управувано од О.Т.(30) од Скопје и патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици, управувано од Ф.М.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Л.Г., констатирани од страна на лекар од Градската општа болница „8-ми Септември“, а со телесни повреди се здобил О.Т., констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.