Британската влада подготвена за Брегзит без договор

Кабинетот на Тереза Меј се подготвува да дискутира на тема дали владата треба да ги забрза подготовките за Брегзит без договор.

Ова се случи како резултат на коментарите на  премиерката Меј која изјави дека пратениците нема да гласаат за нејзиниот договор за Брегзит до третата недела во јануари.

Лидерот на Лабуристите. Џереми Корбин предложи глас на недоверба против Меј, додавајќи дека таа ја довела Велика Британија во „државна криза“.

Владата го отфли овој предлог со образложение дека се работи за „глупави политички игри“.

До официјалниот Брегзит преостануваат уште 101 ден, а голем број пратеници се уште се против договорот за повлекување, додека пак, министрите ја разгледуваат можноста за излез без договор.

Сепак, голем број пратеници се противат на идејата за излезот без договор.

Треба да знаете
Последни објави