Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија поседува вооружување на кое му нема рамно во светот и оти тоа ќе ја осигура безбедноста на земјата во децениите кои доаѓаат.
На состанокот на воениот врв во Москва, Путин посебно ги издвои новата хиперсонична ракета „Кинжал” (Кама) и хиперсоничната едрилица „Авангард”, истакнувајќи дека овие оружја значително ќе ги зајакнат воените капацитети на Русија.
– Сериозен напредок е направен во развојот на напредното вооружување, за кое зборував на 1 март годинава пред парламентот. Се надевам дека нашите најнови системи ќе ги натераат оние кои се навикнати на милитаристичка реторика малку да се замислат, изјави Путин на проширениот состанок на Министерството за одбрана.
Тој уште истакна дека повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) би можел да го уништи системот за контрола на вооружувањето. Сепак, Путин појасни дека нема пречки за модернизација на договорот ИНФ со други држави или да се изработи нов договор за оружјето во таа сфера.