Шпанскиот гагант, Реал Мадрид во актуелнава сезона игра променливо и резултатите не се на посакувано ниво, а според многумина причината за тоа е отсуството на Кристијано Роналдо кој во летниот преоден рок се пресели во таборот на Јувентус.
Сепак беаз разлика на ова, капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос е убеден дека работите ќе се подобрат и тие ќе покажат дека се состав кој може да биде конкурентен и може да ги нападне титулите, а прва можност за тоа е Светското клупско првенство.
-Имаме сличен тим без разлика на загубата на Роналдо кој беше многу одлучувачки играч за нас. Ќе се натпреваруваме со истиот пристап кој клубот секогаш го имал. Триумфите се секогаш нашата цел, -рече Рамос.