СДСМ очекува поддршка од сите пратеници за Буџетот за 2019 година

СДСМ очекува сите пратеници во Собранието да гласаат за Буџетот за 2019 година кој е на дневен ред на денешната седница, бидејќи, сметаат од партијата, тој е развоен и обезбедува повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин.

-Во 2019 година се очекува забрзување на растот на БДП на 3,2 отсто, каде позитивен придонес врз растот е предвидено да имаат домашната побарувачка, нето-извозот, како и капиталните инвестиции. Просечната нето – плата во следниот период ќе продолжи да расте и се очекува да изнесува 4,5 отсто на номинална основа, рече на дешната прес-конференција пратеникот Јован Митрески од СДСМ.

Се очекува бројот на вработени во 2019 година да порасне за 2,1 отсто, што треба да придонесе намалување на стапката на невработеност на околу 20 отсто.

Со Буџетот предвидено е зголемување на платите за пет отсто за вработените во образованието , здравството, социјалната и детската заштита, одбраната, полицијата, судството и културата, како и зголемување на платата на лекарите специјалисти за 10 отсто.

Во буџетот, потенцира Митрески, се обезбедени средства за воведување минимален гарантира доход и семеен пакет на права, со што корисниците ќе добиваат и до 300 отсто отсто зголемана социјална помош.

Тој напомена дека се планирани и средства за мерката „зелена нафта”, како и за инфраструктурни проекти и поддршка за компаниите.

Треба да знаете
Последни објави