Таткото на Меган се надева дека кралицата ќе го смири со неговата ќерка
Таткото на војвотката Меган Маркл (37) во интервју на ITV рече дека се надева дека кралицата Елизабета Втора (92) ќе се заземе за тоа повторно да воспостави контакт со својата ќерка, сопруга на британскиот принц Хари (34).
„Јас навистина би го ценел секој ангажман на кралицата и мислам дека и кралицата би сакала да ги реши семејните проблеми”, рече очајниот Томас Маркл (74) за ITV.
Маркл откри дека неговата ќерка не му испратила божикна честитка. Сепак, тој се надева дека во догледна иднина ќе успеат повторно да изградат меѓусебен однос на татко и ќерка.
„Можам само да кажам дека сум тука … и таа е свесна за тоа. Многу ја сакам и сакам некако да допрам до неа, би сакал и таа да чувствува исто за мене. Навистина ја сакам мојата ќерка и сакам таа да го знае тоа”, продолжи тој.
Војвотката од Сасекс не зборува со својот татко откако тој во едно телевизиско интервју зборуваше за нејзините приватни работи и за деталите за кои преку телефон разговарал со принцот Хари (33).
Маркл во телевизиско интервју во емисијата „Добро утро Британија” зборуваше за желбата на Меган наскоро да стане мајка, но и за приватниот разговор со нејзиниот сопруг, принцот Хари.