Италијанската полиција уапси 20-годишен Сомалиец, кој се сомничи дека е припадник на „Исламска држава“ и се обидел во воздух да ја дигне базиликата Свети Петар.
Полицијата јави дека исламистот, Омар Мошин Ибрахим е приведен минатиот четврток, а потоа и обвинет за поттикнување и поддршка на тероризмот.
Ибрахим бил следен од страна на полицијата еден месец, по што бил уапсен во момент кога се подготвувал да го напушти Бари, каде работел како чистач. На прислушуваните снимки се слуша како тој некому му вели „Ајде да поставиме бомби во сите цркви во Италија“.
„Каде е најголемата црква? Во Рим“, му вели Ибрахим на непознатото лице.
Во друг разговор, како што наведе полицијата, тој ги фали нападите во име на Алах и ги поздравува последните напади на божикниот базар во Франција, каде напаѓачот со огнено оружје уби пет лица.
Се наведува дека Ибрахим користел лажно име, Анас Калил, а на социјалните мрежи се претставувал како Јосуф. Во Италија пристигнал во 2016 година, а се сомничи дека од претходно бил ангажиран како екстремист на Исламска држава.
Италијанската полиција пред Божик ги засили безбедносните мерки околу црквите, вклучувајќи ја и базликата Свети Петар.