Хрват откри дека неговата тешта изгубила 100.000 евра поради секта

Еден човек од Пула за „Глас Истре“ кажа неверојатна приказна за неговата тешта која поради секта изгубила многу семејни пари.

Како што кажува анонимниот човек, неписмената старица со години се задолжувала под влијание на една молитвена заедница, на која и ги донирала сите тие средства, и сега никој не може да ја одврати од понатамошно трошење пари на нив. Тој рече дека се работи за група сомнителни луѓе кои тврдат дека зборуваат со Исус, отстрануваат магии, паѓаат во транс и слично.

„Мојата тешта со години се задолжуваше, плаќаше симнување на магии, некаквиси вештерки и волшебници. На крај го продаде семејното земјиште, а на подароци, патувања и автомобили, кои ги донираше на членовите на таа молитвена заедница, потроши околу 100.000 евра. Мојата жена и јас живееме во страв. Утре би можело да и текне да им го подари и остатокот на имотот – вели нејзиниот зет и додава дека она што го прави споменатата молитвена заедница нема никаква врска со верата, туку само со заработката.

Инцидентот бил пријавен во полиција, а соговорникот вели дека оваа госпоѓа не е единствената жртва на оваа молитвена заедница.

Треба да знаете
Последни објави