Засолништето за животни во британскиот град Беркшир мораше да му најде сместување на африкански сив папагал по име Роко, бидејќи со своето кочијашко пцуење ги вознемирувал посетителите.
Волонтерката во засолништето, Марион Вишневски се согласила да го земе простиот папагал. Таа знаела дека Роко е вулгарен, но не знаела дека сака да троши и дека сака онлајн шопинг.
Кога Роко пристигнал во својот нов дом, тој веднаш се спријателил со паметниот звучник Алекса. Роко и Алекса зборувале за музиката, па Алекса му пуштала на папагалот песни од неговиот омилен бенд „Kings of Lion“.
Алекса е паметен звучник кој исто така служи како личен асистент поврзан на интернет, па со гласовни наредби може да контролира други паметни уреди во домаќинството или да купува на интернет без кликнување и гледање на екранот.
Но, Роко наскоро открил друга корисна функција на Алекса – онлајн шопинг. Така Роко досега од Амазон имал нарачано лубеници, суво грозје, сладолед од брокула, светилка но и змеј за летање.
Африканскиот сив папагал е познат по својата способност да учи говор. И покрај тоа што е забавно да се има дома папагал со кој можете да разговарате, со развојот на технологијата на паметни звучници, зборлест папагал може да ве доведе во непријатна ситуација – и да ви потроши куп пари.
Роко и Алекса зборуваат цел ден. Често кога се враќам дома слушам музика. Штом ќе дојдам од работа, ја проверувам листата за купување и откажувам сè што тој ден било нарачано“, кажа неговата сопственичка за „Дејли мејл“.