Жените ќе земат иста плата како мажите ама за 200 години

Дека постои родова нееднаквост и кога се платите во прашање покажува и најновиот извештај на Светскиот економски форум. Според нивното истражување платите на мажите и жените ќе се израмнат по повеќе од 200 години.

Валентина Ангеловска

Дека жените и мажите не земаат исти плати не не е нешто ново и непознато. Но дека дури за повеќе од 200 години ќе се изедначи вреднувањето на нивниот труд е нов податк кој доажа од Светскиот економски форум.

-Трендот е секако изедначување на вреднувањето на работењето без разлика дали станува збор за маж или жена. Иако последниве децении јазот се намали, сепак треба да поминат повеќе од 200 години за дадобијат иста плата- стои во Извештајот. Истражувањето, кое опфаќа 149 земји, покажува дека има подобрување во платите во однос на минатата година, кога разликата меѓу платите на мажите и жените за прв пат се намали по 10 години.

Иако разликата во платите се намали, се намалило и учеството на жените во политиката на глобално ниво. Намалување има и во нивниот пристап до системите на здравствена заштита и образование- забележуваат авторите на извештајот.

При сегашната стапка нееднаквостите помеѓу мажите и жените во повеќето области разликите  ќе бидат отстранети дури по најмалку 108 години и ќе бидат потребни 202 години за да се намали нерамнотежата им на пазарот на трудот.

Годишниот извештај за еднаквост на платите ја третира и истражува состојбата во четири области: образование, здравство, политика и пазар на труд.

-По неколку години на континуиран напредок во образованието, здравството и учество во политичкиот живот, во овие три области оваа година местото на жените се намалува- стои во извештајот нагласува СЕФ.

Светските експерти велат дека иако во областа на пазарот на трудот има напредок, тој не е голем, бидејќи разликата во платите продолжуваат и понатаму. Процентот на жени на раководни позиции сега е само 34 отсто. Остатокот отпаѓа на мажите.

-Жените се помалку застапени бидејќи нивните работни места ги завземаа роботи. Исто така нив помалку ги има во секторите кои се во раст и бараат вештини и знаења како во науката, технологијата, инженерството и математиката. Жените се само 22 проценти од специјалистите во секторот на вештачката интелигенција- констатираат авторите на извештајот.

Состојбата на родова нееднаквост варира од земја до земја.И додека земјите од Западна Европа се во можност да ги избришат разликите меѓу жените и мажите во наредните 61 години, на Блискиот Исток и Северна Африка тоа ќе потрае 153 години. Скандинавските земји се на врвот на листата. Највисок степен на еднаквост има во Исланд, Норвешка, Шведска и Финска.

За сметка на тоа Сирија, Ирак, Пакистан и Јемен се земјите со најголеми нееднаквости помеѓу мажите и жените. Меѓу 20-те најголеми економии во светот Франција е на чело, заземајќи 12-то место на светската ранг-листа, следена од Германија, која е на 14-тото место, Велика Британија (15-то), Канада (16-то) и Република Јужна Африка (19-ти).

Според нашите истражувања пак кај нас разликата во плати меѓу мажи и жени е помалку од 20 отсто.

Треба да знаете
Последни објави