Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија до Основното Јавно обвинителство Скопје, поднесе кривични пријава против Е.Ш.(30), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распркувачки материи“, предвидено и казниво по член 396 од КЗ. Имено на 28-и минатиот месец на улица „Беласица“ во Скопје, од страна на полициски службеници извршено е легитимирање и преглед на пријавениот, при што кај истиот бил пронајден пиштол „Црвена застава“ кал. 7,65 со една рамка со 7 куршуми.