Општина Аеродром изгради нови пешачки патеки во населбата Ново Лисиче и покрај булеварот „Трета македонска бригада“.
Станува збор за изградба на јавни пешачки површини и пешачки патеки во близина на паркот „Нирнберг“. На истата локација со павер-елементи се прошири и се обнови дел од паркинг-просторот за потребите на граѓаните што живеат и гравитираат во околните згради од населбата.
Три нови пешачки патеки се изведени и кон зградите што се наоѓаат покрај булеварот „Трета македонска бригада“.