Седум сообраајки за едно ден во Скопје

Во текот на изминатиот ден (17.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, две сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и две лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 31 возач управувал возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: двајца затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца поради неправилно престројување, шест возачи поради неправилно престигнување, седум поради неносење пропишана зимска опрема, еден возач поради неносење сигурносен појас и пет возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило. Во текот на изминатите денови издадени се 68 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

 

Треба да знаете
Последни објави