Отказот на Жозе Мурињо од страна на Манчестер Јунајтед експресно стана топ тема во светската спортска јавност, па веста за разделбата меѓу португалскиот стручњак и англискиот великан одекна и во Обединетите Арапски Емирати каде актуелно е светското клупско првенство.
Утре на програмата е вториот полуфинален дуел во кој Реал Мадрид за свој противник ќе ја има Кашима, а на денешниот прес, свој коментар за случувањата во Манчестер даде Марсело кој изрази жалење за отказот кој го заработи поранешниот стручњак на „кралскиот клуб“.
– Тука сме за да зборуваме за Светското клупско првенство, но знам дека оваа сега ќе биде многу коментирана тема. Вистинска штета е тоа што се случи, станува збор за голем тренер кој сега е без клуб. Не сум јас тој кој што треба да одлучи дали ќе се врати во Реал Мадрид, само можам да му се заблагодарам за тоа што го направи за мене додека беше тука, – истакна Марсело.