Батлерот на принцезата Дајана ја советува Меган: Кралицата редовно ги чита сите весници, еве како треба да се однесуваш

Останале само уште неколку дена до првиот Божиќ, кој Меган Маркл ќе го мине во кругот на кралското семејство. За војвотката што подобро да ги мине тие четири дена, Пол Барел, поранешниот батлер на принцезата Дајана, се решил да и помогне.

Според зборовите на вработените во кралската куќа, празниците со кралицата знаат да бидат прилично хаотични и тоа е воедно најлошиот период во годината.

Поранешниот батлер на принцезата Дајана одлучил да и помогне на Меган, велејќи дека се ќе мине во најдобар ред доколку таа остане покрај принцот Хари и кралицата Елизабета.

Кралицата е свесна за медиумското внимание кое Меган го добила, а како да не биде кога секое утро ги чита апсолутно сите весници. Таа ги прелистува сите весници за да види кој што пишува, а потоа носи одлуки на основа на тоа што го прочитала, односно така знае кои чекори да ги преземе.

Доколку не е сигурна во вистинитоста на некои наводи, секогаш ги повикува внуките да и кажат што всушност се случило – открил Барел.

Иако многумина сметаат дека кралицата и Меган имаат добар однос, сепак Барел ја советувал Меган да остане цело време покрај кралицата и да разговара со неа.

Треба да знаете
Последни објави