Тренерот на лондонски Арсенал, Унаи Емери изјави дека е изненаден од отказот на Жозе Мурињо.
Да потсетиме, Манчестер Јунајтед вчера му врачи отказ на Португалецот, а очигледно последниот пораз на „Црвените Ѓаволи“ од големиот ривал Ливерпул во текот на минатиот викенд беше пресуден.
„Единствено што можам да ви кажам е дека сум изненаден и дека ова не се добри вести, затоа што кога тренер на ваков начин ја завршува работата, тоа не е добро за ниту еден друг тренер“, изјави Унаи Емери и додаде:
„Секој тренер има свој начин на работа. Секој од нас секој ден размислува како може да стане уште подобар и работи напорно за да го оствари тоа. Искуството на Мурињо во Премиер лигата е големо, многу големо. Ова не се добри вести, но не знам зошто е донесена одлуката, па не би коментирал премногу“, изјави Унаи Емери.