На патот околу светот одлучи во секоја земја да спие со една жена, сè додека не стигна до 90. држава

Михаел Бернт имаше 23 години кога замина за Австралија. Дотогаш речиси никогаш на заминал подалеку од Кунерсдорф, населба од 400 жители во Дрезден (германска покраина Саксонија). Тој не зборуваше англиски и немаше многу пари, но тоа не беше важно по искуството кое целосно ќе го промени неговиот живот.

Една вечер, се запознав со бразилска девојка во хостел и одеднаш се најдовме во страсна прегратка. Си помислив: „Во твојот Кунерсдорф не можеш тукутака да се сретнеш со Бразилка”, изјави Михаел за Билд.

После тоа, тој направил план: 100 земји, 100 жени. Тој одлучи дека нема да замине од ниедна земја без да ја помине ноќта со барем една нејзина државјанка.

Во Шпанија, тој првпат присуствуваше на познатиот Фестивал на гаѓање со домати за да заврши во соба со две жени и еден маж, кој ги снимаше во љубовна игра.

Случајно се најдов во улога на порноактер, а подоцна тоа навистина почнав да работам.“

Тој се занимаваше со различни сезонски работи, и како готвач во австрискиот хотел „Штанглвирт“ го угости боксерот Владимир Кличко и германскиот фудбалски тим.

На патот до целта Михаел помина низ многуработи, во Мексико беше во затвор откако имаше секс на плажа со страсна Мексиканка.

За време на патувањето низ светот, тој се оженил два пати: еднаш, за да добие виза за Австралија, а уште еднаш во Лас Вегас, во пијана состојба.

Потоа се појави Лиза, која ја запозна во 90-тата земја. Меѓу нив се роди љубов, но Мајкл сепак сакаше да го исполни својот план. Имаше среќа, бидејќи Лиза немаше ништо против да ја пополни листата.

Во меѓувреме тие добија две деца и оттогаш патуваат заедно.

Треба да знаете
Последни објави