Повеќе од 50.000 луѓе потпишале петиција во која “Дизни” се обвинува за колонијализам и грабеж, откако таа компанија со патент ја заштитила свахили фразата “Хакуна матата”.
Тој израз на свахили значи “нема проблеми”. Свахили е официјален јазик во Кенија, Танзанија, Уганда и ДР Конго, а се користи ширум источна Африка.
Петицијата, како што се пренесува која “Дизни” се повикува да се откаже од патентот е потпишувана пред излегувањето на новата верзија на филмот “Lion King” следното лето, во кој гласовите ги даваат Бијонсе, Доналд Гловер и други.
“Дизни” во 2003-та година добил право на патент, на тој начин заштитувајќи ја употребата на изразот на облека и чевли.
“Не може Дизни да си дозволи да патентира нешто што не измислил”, навел тој.
Од “Дизни” не прокоментирале на оваа тема.