Харадинај: Тимот за преговори со Србија има целосна поддршка од Владата

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го прими денеска владиниот тим за преговори со Србија, на кој му порача дека може да смета на целосна поддршка од сите механизми и сектори на државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

По средбата, Харадинај напиша на Фејсбук дека Владата формира динамичен тим од експерти, кој ќе обезбеди транспарентен процес на дијалогот меѓу двете земји.

– Со цел да се координираат дејствијата и роковите за процесот на дијалогот, се сретнав денеска со копретседавачите на преговарачкиот тим, заедно со групата експерти од канцеларијата на премиерот. Владата на Косово формира динамичен тим на експерти, кои изготвија сеопфатна, жива материја, отворен за дебата, за процесот на дијалогот меѓу двете земји да биде транспарентен. Се обврзав дека Владата ќе биде целосно во функција на преговарачкиот тим и тој може целосно да смета на експертизата со која располагаат сите механизми и сектори на државата, напиша Харадинај.

Косовското Собрание минатата недела, на 16 декември, усвои резолуција за преговорите меѓу Косово и Србија, со која се формира преговарачки тим, со кој ќе претседаваат лидерот на Социјалдемократската партија на Косово (ПСД) и градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети и лидерот на Социјалдемократскта иницијатива (Нисма) и вицепремиер Фатмир Лимај.

Треба да знаете
Последни објави